Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја

На 19 април 2024 година, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов и в.д. Директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот се воспоставува долготрајна соработка за имплементација на заеднички научнo-истражувачки проекти, конференции, програми за одбележување на јубилеи од минатото, публикации и едиции, како и заемна поддршка во образовната сфера. Проф. Борисов и проф. Панов истакнаа дека потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, во интерес …

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар одржа предавање на Православниот богословски факултет

На 20 декември 2023 година во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје пред студентите и професорите одржа предавање митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Тој зборуваше за современите проблеми со кои се соочува Македонската православна црква, како и за црковниот живот на македонските верници во дијаспората. Студентите имаа можност да му постават прашања на митрополитот и да дискутираат за горенаведените теми. Ова е прво од низата предавања кои се планирани да се одржат на Православниот …

Известување

Почитувани студенти прoдолжуваме со организација и реализација на предавања од истакнати професори и личности кои не се дел од нашиот Факултет. Ве известуваме дека на 20 декември 2023 (четврток), во 11 часот, во салата на Факултетот предавање ќе оддржи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. По завршувањето на предавањето наставата ќе продолжат според распоредот. проф. д-р Дејан Борисов декан на ПБФ

„Мисија и секуларизам“ – Седми Светиклиментов научен собир на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ се одржа на 7.12.2023 на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На отворањето на собирот зедоа збор Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Прва Јустинијана, господин господин Стефан, директорот на КОВРЗГ господин Даријан Сотировски и деканот на Православниот богословски факултет во Скопје, проф. д-р Дејан Борисов. Учесници на конференцијата беа професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. На научниот собир се дискутираше за …

Програма на седмиот Светиклиментов научен собир

Програма на седмиот Светиклиментов научен собир на тема: Мисија и секуларизам Свечена сала на Факултетот, 07.12.2023 (четврток) 10:00 Отворање на научниот собир 10:30 Прва работна сесија Ѓоко Ѓорѓевски НА ПАТОТ КОН ЕУ МЕЃУ СЕКУЛАРНОСТА И СЕКУЛАРИЗАЦИЈАТА Цане Мојаноски СЕКУЛАРИЗМОТ ВО МАКЕДОНСКОТООПШТЕСТВО – СОСТОЈБИ, ПРИСТАПИ И ИНТЕРПРЕТАЦИИ Анета Јовковска ЦРКОВНИ НАРАТИВИ И СЕКУЛАРНА ИДЕОЛОГИЈА Илче Мицевски-Игнат СЕКУЛАРИЗМОТ КАКО ПРОВОКАЦИЈА ЗА ХРИСТИЈАНСТВОТО И ДРУГИТЕ РЕЛИГИИ, НО И КАКО МОЖНОСТ ЗА ДУХОВНА ОБНОВА НА ОПШТЕСТВОТО 11:10 Дискусија 11:30 Втора работна сесија Бобан Петровски ИСТОРИЈАТА НА СРЕДНОВЕКОВНА ЕВРОПАИ ЦРКВАТА: …