Научен колоквиум: „Дали свети Јован Дамаскин ги модификувал своите извори во Точното изложување на православнта вера“ (Скот Еблс, Универзитет во Оксфорд)
На 29. март 2012 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ се одржа научен колоквиум на темата „Дали свети Јован Дамаскин ги модификувал своите извори во Точното изложување на православнта вера“, како дел од програмата „Врските со Оксфорд“ (The Oxford Connections 2012). Во рамките на програмата меѓународна група од дваесетина докторанти и професори од Универзитетот во Оксфорд, во периодот помеѓу 27. март и 04. април 2012, одржа серија предавања и научни семинари на македонските универзитети, споделувајќи и разменувајќи идеи со своите колеги од Македонија. При тоа се одржа и предавање на еминентниот оксфордски професор по Електроинженеринг и Директор на Институтот за Биомедицински инженеринг при Универзитетот во Оксфорд, проф. д-р Лајонел Тарасенко во МАНУ, како и прием на гостите од Оксфорд кај председателот на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов и кај министерот за образование на Република Македонија м-р Панче Кралев.
|
|
Повеќе...
|