Православен богословски факултет "Св. Климент Охридски" - Скопје
Професори и студенти од Православниот богословски факултет учествуваа на панел-дискусија за улогата на религијата во мултикултурното општество
На 16 декември 2025 година, во амфитеатарот на Факултетот за исламски науки во Скопје, се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на религијата во мултикултурното општество“, во организација на Факултетот за исламски науки, Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На настанот активно учество земаа професори и студенти на Православниот богословски факултет. Со свое обраќање се вклучи в.д. деканот на Факултетот, доцент д-р Илче Мицевски Игнат, кој во својот говор ја истакна важноста на меѓурелигискиот …
Митрополитот Георгиј, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, учесник на меѓународниот собир „Од Никеја до денес (325–2025)“ во Белград
На 11 и 12 декември 2025 година, на Православниот богословски факултет во Белград, се одржа Меѓународен научен собир под наслов: „Од Никеја до денес (325–2025): Трајното значење на Првиот Вселенски собор“, во чест на јубилејните 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор во Никеја. На овој значаен собир свое излагање во првата сесија имаше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Неговото предавање беше на тема: „Важноста на Vita Constantini на Евсевиј Кесариски како …
Делегација на Македонската православна црква учествуваше на меѓународна конференција во Јордан
На 9 декември 2025 година, во кралството Јордан, под покровителство на Неговото Височество кралот Абдулах II, се одржа меѓународната конференција со наслов: „Процесот од Акаба – Балкански меѓурелигиски дијалог“. Покрај домаќините од Ерусалимската Патријаршија, присутни беа и: Патријархот Антиохиски Јован, Патријархот Српски Порфириј, како и Архиепископот Албански Јован. Од името на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на конференцијата учествуваше делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар. Во составот на делегацијата …
Се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“
На 5 декември 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“. Научниот собир беше свечено отворен со поздравниот говор на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Во своето обраќање, Неговото Блаженство со особена јасност укажа дека предизвиците што ги носи вештачката интелигенција не смеат да се поимаат со страв, туку со надеж и мудрост. „Мнозина стравуваат дека пред нас се отвораат патишта што не се само …
Интервју со в. д. деканот д-р Илче Мицевски Игнат за МИА: Свети Климент Охридски – пример за вистински пастир
В. д. деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, д-р Илче Мицевски Игнат, во интервју за МИА зборува за значењето и актуелноста на ликот и делото на свети Климент Охридски како неизбришлив духовен и културен темел на нашиот народ. Во разговорот, тој се осврнува и на важните прашања поврзани со богословското образование денес, потребата од квалитетна етичка и религиска настава за младите, како и предизвиците што ги носат современите технолошки промени, меѓу кои и развојот на вештачката интелигенција. Целиот разговор можете да …






